www.utrinski.com.mk
27 јуни 2017 19:23
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
23.11.2010, 16:13

Прва самостојна фотоизложба на Ана Котевска

„Македонија: културен диверзитет“ е насловот на изложбата на фотографии на Ана Котевска што е отворена во просториите на Американското катче во Скопје.

Изложбата содржи 20-тина фотографии работени во црно бела техника и во боја на кои се прикажани верски обреди и објекти на главните верски заедници во Република Македонија - православната, исламската и католичката.

„Македонија е крстосница на Балканот каде различни народи и култури постоеле една покрај друга и меѓусебно си влијаеле. Тој уникатен конголомерат кој често се нарекува „македонска салата“ придонесува за социјалниот, културниот и религискиот диверзитет во кој живееме. Да се долови оваа разноликост не е лесно и секако ќе бидат потребни стотици фотографии и повеќе изложби за точно да се портретира нашиот културен микс. Оваа изложба и ја посветив на религиозната различност во Македонија“, вели авторката Котевска.

Фотографиите се снимени летово во Скопје, Тетово и Гостиварско, како фотографско патување, на кое авторката учи низ присуството на различни верски ритуали и средбите со верници и свештени лица.

Котевска е ученик во четврта година во приватната гимназија „Нова“ и е стипендист на фондацијата „Борис Трајковски“. Ова е нејзина прва изложба на фотографии. Со оваа уметност се занимава аматерски од мали нозе. Има учествувано на повеќе натпревари. Минатата година ја освои првата награда за фотографија на конкурсот на „Светскиот Хабитат ден“ за Македонија.

Изложбата „Македонија: Културен диверзитет“ ќе биде отворена за јавноста до 29 ноември по што е предвидено да биде поставена и во просториите на американските катчиња низ Македонија. (К.Р.)

Статијата е прочитана 1888 пати.


Испрати коментар
Раскошот на свинската марама во „ Јавна соба“
Презентација на граѓански искуства во заштита на наследството
Срѓан Миќиќ изложува во „Спона“
Стефановски и Маџиров на литературна вечер во Лондон
Доделени наградите „Климент Охридски“
„Мјузик прогресив“ гостува во Србија
Блажевски и Ристовски селектирани на маркетот во Солун
Изложба на новинарски прилози за „Мал битолски Монмартр“
Промовирана монографија за Рубенс Корубин

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
31°СкопјеВреме
Ведро
Вто31
Сре35
Чет36
Пет37
Саб38
Нед31
Пон25
Вто26
Сре29
Чет31
НајчитаниНајкоментирани
 
ЕУ: рекордна казна за Гугл за манипулирање на резултати од пребарување
Меркел најави признавање на истополните бракови во Германија
Холандија соодговорна за смртта на 350 муслимани во Сребреница
     Site Meter   
период од-до
-