www.utrinski.com.mk
26 јуни 2017 05:26
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
23.11.2010, 16:15

Промовирана монографија за Рубенс Корубин

Културно-информативниот центар ја промовираше монографијата „Месечеви приказни“ за творештвото на ликовниот уметник Рубенс Корубин. Со неа беше означено завршувањето на истоимената изложба на триесет слики и цртежи создадени во последната деценија, која беше поставена во КИЦ во изминатите 20 дена по повод 35 години ликовно творештво на авторот и 30 години од неговата прва самостојна ликовна изложба во КИЦ.

Монографијата содржи 64 репродукции во боја и повеќе црно-бели и два есеја од Иван Џепаровски и Кирил Пенушлиски.

Иван Џепаровски, автор на есејот „Назад кон убавината“, промовирајќи ја публикацијата истакна дека делото на Корубин е апартна појава што комуницира внатре, со сопствените светови, во целина посветени на хармонијата и убавината.

„Потрагата по убавината на платната на Корубин како да наликува на дамнешното Платоново толкување на вистината, добрината и убавината. За Платон до сиве овие врвни идеи доаѓаме преку „сеќавањето“, зашто душата како да се сеќава на светот на идеите во кој престојувала пред да се пресели во телото. Затоа кај Корубин и во неговото сликарство, сеќавањето на дамнешните глетки и привиденија, приспомнувањето за некои стари патеки, лица и предели, како да се оние остварени врски со светот на предегзистенцијата на душата, истакна, меѓу другото, Џепаровски.

Во својот осврт за делото на Корубин, академик Катица Ќулавкова истакна дека творештвото на Корубин е неповторлив сликарски приказ. Таа издвои и некои, како што рече, поисклучителни - визионерски дела, „каде што нешто се случува на платното“, посочувајќи ја сликата „Полноќен улов“. Промоторот Глигор Стојковски, пак, рече дека во изминатите денови со изложбата во КИЦ Корубин ширел енергија со исцелителска моќ, со ненаметливо, закрепнувачко дејство. (К.Р.)

Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
17°СкопјеВреме
Ведро
Пон33
Вто33
Сре35
Чет37
Пет37
Саб38
Нед30
Пон27
Вто26
Сре27
НајчитаниНајкоментирани
 
Протест против евакуацијата во Лондон поради заштита од пожар
Летната школа во Охрид - македонски прозорец кон светот
Најскапи градови во светот - Скопје на дното
     Site Meter   
период од-до
-