www.utrinski.com.mk
26 јуни 2017 05:31
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
23.11.2010, 16:44

Стефановски и Маџиров на литературна вечер во Лондон

Во Лондон, завчеравечер се одржа литературна вечер, во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура во Лондон“. На оваа вечер со свое творештво се претставија Весна Соколовска од организацијата „Круг“ - организатор на манифестацијата, истакнатиот македонски драмски писател Горан Стефановски, Никола Маџиров, поет, и Џоана Лебон, кои во тие рамки проговорија со присутните за можностите на малите литератури. Академскиот сликар Петре Николовски ја отвори изложбата на фотографии на Благоја Дрнков и група млади македонски фотографи кои се претставуваат под називот „Urban Lanscape“. Програмата беше збогатена со музичка програма, со настапот на пијанистката Антонија Јовановска, која изведе дела од Бах, Шопен и Сати, а беше прикажан и филмот „Името си е име“ од шведскиот режисер Сигурјон Еирансен.

Истовремено, амбасадорот на Република Македонија во Велика Британија организираше прием во просториите на амбасадата по повод посетата на премиерот Никола Груевски.

Инаку, ова е трето издание на манифестацијата „Денови на македонската култура“, која се одржува во Лондон и кое почна со концерт на македонска група „Леб и сол“, во познатата сала „Буш“. Фестивалот е во организација на „Круг“ од Лондон и „Маг-култура и искуство“ од Скопје, а ќе трае до 28 ноември и во негови рамки ќе настапат над триесет македонски уметници.

Во културниот центар „Bhavan Indian“, утре ќе се одигра претставата „Госпоѓица Јулија“ на Стрингберг во режија на Александар Поповски, во изведба на Турскиот театар од Скопје, а потоа следува концерт на македонскиот алтернативен електробенд „Инфусе“.

Деновите завршуваат на 28 ноември со концерт на групата „Фолтин“ и претставата „Столови“ на Јонеску во режија на Љупчо Ѓеоргиевски, а во изведба на Малиот драмски театар од Битола. (Н.П.)

Статијата е прочитана 1748 пати.


Испрати коментар
Раскошот на свинската марама во „ Јавна соба“
Презентација на граѓански искуства во заштита на наследството
Срѓан Миќиќ изложува во „Спона“
Доделени наградите „Климент Охридски“
„Мјузик прогресив“ гостува во Србија
Блажевски и Ристовски селектирани на маркетот во Солун
Изложба на новинарски прилози за „Мал битолски Монмартр“
Промовирана монографија за Рубенс Корубин
Прва самостојна фотоизложба на Ана Котевска

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
17°СкопјеВреме
Ведро
Пон33
Вто33
Сре35
Чет37
Пет37
Саб38
Нед30
Пон27
Вто26
Сре27
НајчитаниНајкоментирани
 
Протест против евакуацијата во Лондон поради заштита од пожар
Летната школа во Охрид - македонски прозорец кон светот
Најскапи градови во светот - Скопје на дното
     Site Meter   
период од-до
-