www.utrinski.com.mk
27 јуни 2017 19:34
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
Што прават денеска
23.11.2010, 17:22

Што прават денеска

Трајанка Илиева

актерка

Во Драмски театар започнавме со пробите за претставата „Баал“, во режија на Мартин Кочовски, па во 10 ч. веќе сум таму. Од 16 ч., пак, имам синхронизација на сериите „Кога лисјата паѓаат“ и „Имотот на дамата“. Вечерта посакувам да ја минам во домашна атмосфера, со оглед на тоа дека вчера имав претстава и ми е потребен одмор.

Срѓан Микиќ

сликар

Будењето и денеска, како што е најчесто, ми е во режија на ќерка ми, со која се занимавам додека сопругата не се врати од работа. Потоа можам да започнам со подготовките за отворањето на мојата изложба, која е поставена во СКЦ „Спона“ во центарот на Скопје. Посетителите ги очекувам од 20,30 ч.

Росана Сариќ-Тодоровска

пејачка

Денеска сум максимално ангажирана со обврските во фирмата „Еуротрејд“, каде што сум вработена. Ни доаѓаат гости- деловни партнери од Србија, од претставништвото на „Помпеја“, па денеска треба да ги прошетам по нашите продажни места. Веројатно ангажманите ќе бидат денеска поголеми, па нема да имам време ни да размислувам за музиката.

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
31°СкопјеВреме
Ведро
Вто31
Сре35
Чет36
Пет37
Саб38
Нед31
Пон25
Вто26
Сре29
Чет31
НајчитаниНајкоментирани
 
ЕУ: рекордна казна за Гугл за манипулирање на резултати од пребарување
Меркел најави признавање на истополните бракови во Германија
Холандија соодговорна за смртта на 350 муслимани во Сребреница
     Site Meter   
период од-до
-