www.utrinski.com.mk
26 јуни 2017 05:31
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
25.12.2012, 16:02

Славица Јанешлиева изложува во „Мала станица“

Самостојна изложба на графики на Славица Јанешлиева под наслов „Впечатоци“, на која ќе бидат презентирани пет авторски циклуси, вечерва ќе биде отворена во „Мала станица“ во 20 часот. Циклусите дела презентирани под ист наслов се разликуваат меѓу себе според изборот на техниката, но и визуелниот пристап кон знаковното како репрезентација. Во нив се потврдува нејзиниот специфичен авторски сензибилитет, кој во случајов својот фокус го базира врз гестот, односно симболичниот третман на елементите, а акцентот е ставен врз композицијата и ликовната естетика, како и на чувството за пренесување на лирската атмосфера каде што како главни „наратори“ се присутни фрагментите од видената/доживеаната (лична) реалност пренесена преку асоцијативни апстрактни форми.

Јанешлиева досега реализирала 19 самостојни изложби во Скопје, Битола, Велес, Струмица, Босвил, Братислава, Њујорк, Утрехт, а учествувала на мноштво групни во целиот свет. Добитник е на голем број награди, а нејзини дела се наоѓаат во колекциите на 17 музеи и галерии во Македонија, Србија, Полска, Франција, Унгарија, Романија, Белгија, Финска, САД, Јапонија. (К.Б.)

Статијата е прочитана 782 пати.


Испрати коментар
„ДЛУМ Минијатура“ и „Синестезија“ во „Галерија 8“
Божикната „Тивка ноќ“ се слуша на триста јазици
Изложба на ФЛУ во Сули-ан
„Јадро“ го брани демократскиот социокултурен простор
Новогодишен гала-концерт на Филхармонијата
Почина актерот Чарлс Дарнинг
„Антитело“ - краток здив со долги вибрации

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
17°СкопјеВреме
Ведро
Пон33
Вто33
Сре35
Чет37
Пет37
Саб38
Нед30
Пон27
Вто26
Сре27
НајчитаниНајкоментирани
 
Протест против евакуацијата во Лондон поради заштита од пожар
Летната школа во Охрид - македонски прозорец кон светот
Најскапи градови во светот - Скопје на дното
    Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ