www.utrinski.com.mk
27 јуни 2017 19:14
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
23.11.2010, 16:50

Витраж

Раскошот на свинската марама во „ Јавна соба“

Катерина Богоева

Промо-центарот „Јавна соба“ во скопско Дебар маало ќе го памети минатонеделното отворање на изложбата „Инхерентна убавина “ на ликовната уметница Елпида Хаџи - Василева кога со автобус од Кавадарци, нејзиниот роден град, дојде половина од бројната публика за да и го види најновото дело, сочинето од ципи од свински желудници поставени на црни, дрвени плочки. На ова прво самостојно претставување на авторката во Македонија, која се образувала и скоро две децении живее во Велика Британија, делото е поставено карши-карши во тесниот простор, а неговата уметничка посебност, вечерта не ги збуни посетителите. Напротив, со чаши вино во рацете стоеја пред нежните бели ципи во раскошни форми, на чии што одредени делови се забележуваа и траги од крв, и си разговараа, коментираа, се смееја.

Авторка успеа и овојпат грдиот, отпаден животински материјал да го преобрази во проѕирни парчиња слични на тантела и да фасцинира. И самата нежна како појава, таа со пријатен глас говореше за начинот на кој од внатрешни органи и од кожи создава дела што веќе мошне успешно ги презентирала во повеќе земји во Европа, будно следена од ликовната критика. „Инхерентна убавина“ е создадена со голема помош на мајка и' Тодорка и татко и' Томе, во нејзиното студио во Кавадарци.

„Пред да заминам во Велика Британија во 1992 година, родителите ми направија студио, еден многу голем и преубав простор на третиот кат од нашата куќа, кој сега се користи многу ретко. Под нивен надзор, свинската марама стоеше во хемикалии од крајот на септември. Јас стигнав на 8 ноември и заедно со мајка ми се предадовме во акција на нејзино поставување на претходно исечените и обоени плочки. Марамата прво се мие од хемикалиите и многу внимателно се поставува мокра, а плочките ги редевме на под. Се сушеа 10 дена. Ова воедно беше и мој нов начин на работа, за прв пат користев боја што ја додадов на природниот материјал“.

Во создавање на своите дела Хаџи Василева досега користела и кокошкини и рибини кожи, а во последно време експериментира и со кожи од стаорци. На почетокот на творештвото ја привлекувало и дрвото како материјал.

„Мојата употреба на материјали е многу специфична. За секој нов проект ги одбирам по претходно запознавање со историјата, природата и традициите на дадената локација. На пример , проектот „Епидермис“ беше создаден во Berwick on Tweed, во Нортхумберланд, град што е многу познат по пастрмките. Беше направен со рибни кожи и коски, набавени преку една локална фарма на пастрмки. Проектот ‘Пеперутки во стомакот’ , големиот лавиринт, беше направен од свинска марама - тантела, која е специјалитет во делот Vallenciennes во Франција, многу познат по таков вид рачна изработка“.

Оваа уметница за своето творештво говори како за врзан процес и го опишува како круцијален, долготраен и безвремен. „Само на неговиот завршеток може да го видиме финалниот производ, вклучувајќи го во некои прилики и неговиот заостанат мирис. Можам да издржам недели/месеци работа што се повторува и е гадлива. Меѓутоа, повторувањето исто така носи и имагинативен простор, отвора можности и овозможува работата да еволуира и на крајот го става делото во контекст. И кожата и зградите штитат и пружаат засолниште, но обезбедуваат и средства за изразување на идентитет, без разлика дали станува за личен, политички, религиозен или културен“.

Лабораториското чистење и подготвување на органските материјали за делата, авторката ја потсетуваат на средновековниот текстилен процес на штавење, собирање, правење тантели и шиење. „Заинтересирана сум да земам мртов отпаден материјал и да го трансформирам низ повторување во нови уметнички дела што ни ја покажуваат неговата скриена убавина“

Елпида Хаџи Василева нема проблем со претпоставената човечка одбојност кон специфичните материјали, ниту бега од нивниот грд изглед, туку има проблем со лошиот мирис и гадењето што некој од нив и' го предизвикале при чистење.

„Јас повеќе не можам да го консумирам таквиот материјал. На пример, не можам да јадам риби и морски продукти и други животински органи што досега сум ги користела. Најгрдото што досега сум пробала да го исчистам, беа дебели свински црева чиј мирис беше неподнослив и доведе до повраќање!

Статијата е прочитана 2309 пати.


Испрати коментар
Презентација на граѓански искуства во заштита на наследството
Срѓан Миќиќ изложува во „Спона“
Стефановски и Маџиров на литературна вечер во Лондон
Доделени наградите „Климент Охридски“
„Мјузик прогресив“ гостува во Србија
Блажевски и Ристовски селектирани на маркетот во Солун
Промовирана монографија за Рубенс Корубин
Изложба на новинарски прилози за „Мал битолски Монмартр“
Прва самостојна фотоизложба на Ана Котевска

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
31°СкопјеВреме
Ведро
Вто31
Сре35
Чет36
Пет37
Саб38
Нед31
Пон25
Вто26
Сре29
Чет31
НајчитаниНајкоментирани
 
ЕУ: рекордна казна за Гугл за манипулирање на резултати од пребарување
Меркел најави признавање на истополните бракови во Германија
Холандија соодговорна за смртта на 350 муслимани во Сребреница
     Site Meter   
период од-до
-